Џенифер Анистон позирала топлес за новото издание на списанието “Allure”, а интересно е тоа што на една од фотографиите е во страсна прегратка со згоден маж кој не е нејзиниот вереник Џастин Теру. Ѕвездата на серијата „Пријатели“ на фотографијата носи само фармерки, додека е во прегратките на истетовиран мускулест маж, кој исто така е без маица.

 

Станува збор за нејзиниот фризер и долгогодишен пријател Крис МекМилан, кој се оженил минатиот месец, така да Џастин не би требало да биде загрижен. Џенифер и Џастин се вериле во 2012 година, но поради бројните обврски кои ги имаат обајцата, сеуште немаат време да се посветат на планирањето на свадба.