Многумина воздивнуваат по актерката Џенифер Анистон. Со витката линија, извајаните нозе и прекрасната насмевка синооката убавица го плени вниманието и никој не останува рамнодушен, било да е во салонки и мини сукња, или во шорц и сандали. Сепак, таа признава дека не е секогаш задоволна со себе и дека би сакала да изгледа како Жизел Бундшен.

Во интервју за списанието Селф, Џенифер признала дека сака да го гледа шоуто “The voice”, дека обожава мексикански начоси, кои би можела да ги јаде и од подот, и признала дека би сакала барем на 24 часа да има тело како славната бразилска манекенка. Судејќи според се, актерката е опседната со Жизел, бидејќи пред неколку месеци изјавила дека и завидува и на бујната коса.