За потребите на новиот филм “Wanderlust”, во кој би требало да се појави гола во топлес, Џенифер Анистон наводно одлучила да ги зголеми градите. Актерката е свесна дека ја достигнуваат годините и дека нема уште долго да може да снима романтични комедии, со што главно се бавеше по завршувањето со снимањето на популарната серија „Пријатели“.


На своите пријатели наводно им рекла дека со години му одолева на трендот на зголемување на градите, а тие пак, тврдат дека не би ги изненадило доколку актерката испита кои се најдобрите хирурзи на Беверли Хилс бидејќи мислат дека нема многу самодоверба.