Џенифер Анистон зема мал одмор од филмските улоги, за да се посвети на режијата, бидејќи во иднина планира да застане зад камерите и да сними краток филм за ракот на дојката. Актерката на овој начин оди по стапките на славната ривалка Анџелина Џоли, која минатата есен го заврши снимањето на својот прв долгометражен филм.


Џенифер и не е толку амбициозна како Анџелина, па за почеток ќе се држи на нешто пократки форми и тоа во рамките на проектот “Lifetime Project Five”, во кој како режисерки веќе се испробале Алиша Кис, Деми Мур и Пети Џенкинс.