Холивудската актерка Џенифер Анистон е бремена, а среќната вест ја потврдила на својот стар пријател, актерот Том Хенкс. Џенифер Анистон, Џастин Теру, Том Хенкс и Рита Вилсон биле на заедничка вечера на почетокот на април, и како што тврдат добро известени извори, овој состанок бил закажан како актерката и нејзиното момче официјално би ја објавиле среќната вест на своите пријатели.

Според зборовите на келнерот, тие го замолиле да застане настрана како би можеле да разговараат на мир. Еден очевидец рекол дека Џенифер го покрила стомакот како нешто да крие, и додал дека одбила водка и цела вечер пиела само вода, а исто така и престанала да пуши. Актерката сеуште официјално не ја потврдила оваа вест.