Времето кога Џенифер Анистон и нејзиниот девет години помлад дечко – пејачот Џон Мајер е познато! Новиот дечко на бившата сопруга на Бред Пит ќе клекне пред Анистон во септември за време на промоцијата на нејзиниот нов филм „Management“.


Венчавката се очекува да биде некаде пред нејзиниот 40ти роденден во февруари. Засега се чини дека приказната која кружи на околу и не е толку незамислива. Имено откога се дозна за нивната љубов парот не се одвојува еден од друг. Триесетгодишниот пејач дури и инсистирал Џенифер да му се придружи на неговата летна турнеја. Џон не можел да ја сокрие својата среќа ниту пред публиката во Калифорнија, каде пред една недела изјавил дека ова му е најдоброто лето во животот.

Од друга страна пријателите велат дека Џенифер никогаш не била толку опуштена.

„Џенифер се појавува во јавност со џон многу повеќе отколку порано со било кој друг“, вели извор близок на парот.