Иако веќе два пати прекинувале, се чини дека сеуште има хемија помеѓу Џенифер Анистон и девет години помладиот музичар Џон Маер. Тој ја повикал Џенифер да се видат додека бил во Менхетн, а дури и платил и лет со првиот авион од Лос Анџелес.


Поминале четири часа заедно во соба во хотелот „Four Sesons“ каде вечерале и пиеле вино. Тоа го изјавил еден анонимен пријател на Маер за списанието Мирор. Џенифер сеуште не сака да се дознае за врската бидејќи претходно Маер многу ја повредил.