Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот дечко, музичарот Џон Мајер, по турбулентната врска со постојани прекини и повторни спојувања конечно го објавиле дефинитивниот прекин на врската.
По враќањето на Џенифер од европската промоција на филмот Марли и Јас, парот објавил дека сепал не се еден за друг, а 40-годишната актерка сега веќе има цела низа пропаднати врски зад себе.
Последен пат заедно се видени во јавност на овогодинешното доделување на Оскарите, на кое актерката ја пратеше дечкото Мајер, за барем малку да и биде олеснето соочувањето со актерскиот ѕвезден пар Џоли-Пит.