Иако веќе сите зборуваа дека Џастин Теру и актерката Џенифер Анистон ќе се венчаат, сега изгледа дошло до голем пресврт. Американските таблоиди пишуваат дека актерот ја оставил поранешната ѕвезда на серијата „Пријатели“ и тоа затоа што го сакал својот стар живот назад. Списанието „Стар“ пишува дека Џастин, иако бил среќен со Џенифер, сега мисли дека тие не се сродни души. Му сметал притисокот на медиумите кои секојдневно го напаѓале откако би со неа.

Неименуван извор рекол дека Џастин сака да му се врати на стариот живот. Наводно пател и за старата љубов, Хајди Бивенс, со која бил во врска цели 14 години. Освен тоа, наводно не му се допаѓало и тоа што Џенифер не била сосем ладна кога бил во прашање Бред Пит.