Џенифер Анистон повторно западнала во љубовни проблеми со момчето Џастин Теру, кој не реагирал добро на состанокот на актерката со неговата поранешна девојка Хајди Бивенс. Анистон тајно се состанала со Хајди, на што Џастин многу се изнервирал.

За тоа се огласила и неговата мајка, која рекла дека после тоа Џастин се чувствувал лошо и дека бил во депресија. Хајди и Џенифер Анистон тајно се состанале во хотелот „Мерсер“ на Менхетн, бидејќи Џенифер го фатила Џастин како разговара со поранешната девојка на телефон.