Актерката Џенифер Анистон и актерот Џастин Теру веста за венчавката ја криеа и од своите најблиски пријатели, а според најновите информации во странските медиуми, сега одлучиле да изненадат со уште еден голем настан во својот живот. Имено, медиумите објавија дека неодамна парот посвоил шетсмесечно девојче. Венчавката наводно ја организирале во последен момент како би биле во брак што поскоро пред во семејството да стигне приновата.

 

Извор близок до парот тврди дека Џенифер рекла како сеуште го нема видено девојчето, но тоа било неколку седмици пред венчавката. Тогаш сите документи биле одобрени, а девојчето наскоро би требало да стигне во прегратките на славниот пар. Тој додал дека Џенифер отсекогаш сакала да има ќерка и дека желбата конечно и се оствари. Актерката во процесот на посвојување имала огромна помош од колешката Сандра Булок која во 2010 година го посвои синот Луис.