Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот вереник Џастин Теру планираат тајна венчавка далеку од холивудските папараци. Џастин и Џенифер разгледувале хотели во близина на местото каде што бил роден таткото на Џенифер, и го барале најубавото место на кое ќе го прослават посебниот ден.


Извори од угледниот хотел „Елоунд Бич“ на Крет изјавиле дека славниот пар неодамна престојувал во нивниот хотел и се интересирал за нивните понуди. Рекле и дека парот споменувал венчавка во јули.