По разводот од Бред Пит, актерката никако не може да најде среќа во љубовта. Но тоа не ја спречило да им каже на своите пријатели дека оваа година цврсто одлучила да добие дете. Џенифер воопшто не крие дека гори од желба да зачне свое семејство.
Уште поголем поттик во оваа идеја добива од својата најдобра пријателка, Кортни Кокс. Пријателите на актерката рекле дека таа размислува за две опции. Првата е да посвои дете, а втората е тоа да најде сурогат мајка. Иако моментално е слободна, мисли дека сега е вистинското време за мајчинство.