Разбеснетата Џенифер Анистон изјавила дека не сака да зборува за раскинувањето со Џон Мајер. Се слушаат гласини дека помеѓу нив немало никава хемија и дека тоа е вистинската причина за прекинувањето на врската. Ја разлутила и новата желба на нејзиното, сега веќе поранешно момче. 


– Џон сака да останат пријатели, а Џенифер за тоа не сака ни да слушне. Џон не беше маж за неа – вели блискиот извор. Актерката воопшто не крие дека е скршена. Се говори  и дека Џенифер по раскинувањето му се јавила на Бред Пит и му плачела на телефон. Анџелина наводно не реагира добро на нивната пријателска врска.