Џенифер Анистон одлучила да го напушти Лос Анџелес и да се врати во родниот Њујорк, каде купила стан за шест милиони долари. Тој се наоѓа на 18 кат на една стара зграда на Менхетн и се простира на 112 квадратни метри.
Има само една спална соба и тоалет, голема кујна, трпезарија, дневна соба, а она што е најатрактивно е терасата од 75 метри квадратни од која има прекрасен поглед на Емпајар Стејт Билдинг. Таа својата куќа во Беверли Хилс веќе ја понудила на продажба по цена од 42 милиони долари.