Џенифер Анистон и нејзиното момче Џастин Теру учествувале на хуманитарна аукција за помош на Хаити, на која купиле слика вредна половина милион долари. Тие во слободно време се секогаш заедно, па така заедно се занимаваат и со хуманитарна работа.
Апстракцијата со име “Stranger” на уметникот Глен Лигон имала почетна цена од 140 илјади долари и се мислело дека ќе достигне цена од најмногу 200 илјади долари, но Џенифер понудила многу повеќе. Добротворната аукција ја организирал актерот Бен Стилер, како би помогнал на жртвите во катастрофалниот земјотрес.