Холивудската актерка и поранешна сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон, ќе се венча во Православна црква. Како што објавиле американските медиуми, таа конечно ќе застане на лудиот камен со вереникот Џастин Теру. Венчавка во Православната црква во местото Медиоа во Пенсилванија била желба на актерката бидејќи таа веќе долги години е поврзана со оваа црква.
Американските медиуми тврдат дека таа често донира пари токму во таа црква. Еден од свештениците рекол дека е добредојдена да се венча со Џастин. Тој додал дека нејзиното семејство било поврзано со црквата. Таа има грчко потекло, па не чуди што е поврзана со Православието.