Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се верени веќе две години, а се чини дека сега се спремни и за следниот чекор. Како што пишува „Гламур“, парот ќе се венча на плажа во популарниот Кабо Сан Лукас во Мексико. Сите погодуваат дека на таа одлука ги поттикнала неодамна одржаната венчавка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поранешниот сопруг на славната актерка која срцата на фановите ги освоила во серијата „Пријатели“.
астин Џенифер ја запросил во 2012 година на нејзиниот 41. роденден. Се чини дека ќе мора уште малку да почекаме на официјална потврда околу овие информации, но едно е сигурно, фановите со нетрпение ја очекуваат и нејзината венчавка.