Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон ќе се омажи за својот вереник неколку седмици по доделувањето на Оскарите, закажани за 24 февруари, откриле извори блиски на актерката. Иако Џенифер се обидува се околу нејзината свадба да остане тајна, во јавноста успеале да се појават некои детали.

Според наводите на списанието Клоусер, Анистон ќе се омажи една или две седмици по доделувањето на Оскарите, а кума ќе и биде најдобрата пријателка, актерката Кортни Кокс. Како што пишуваат медиумите, на церемонијата ќе има околу 50 гости.