Џенифер Анистон и нејзиниот вереник Џастин Теру наводно планираат да се венчаат  на ранч во Мексико, како би избегнале преголемо медиумско внимание. Ема Робертс, братучетката на актерката Џулија, е добра пријателка со Џенифер Анистон, па неодамна и покажала фотографии од ранчот и и предложила својата интимна церемонија да ја организира токму на тој ранч во Мексико, далеку од очите на јавноста.

Џенифер Анистон била воодушевена од идејата бидејќи ранчот бил окружен со дрва кои ќе ги штитат од љубопитните лица. Свадбата наводно ќе биде во голем шатор, открил пријател на актерката, и додал дека Џенифер се труди што помалку детали од свадбата да стигнат до јавноста.