Ако може да им се верува на американските медиуми, Џенифер Анистон до крајот на оваа година би требало да се омажи за своето момче Џастин Теру. Актерката неодамна на шега си дала ултиматум дека до крајот на оваа година или ќе се омажи или ќе ја прекине врската. Таа минатата седмица добила своја ѕвезда на булеварот на славните, а покрај неа цело време стоело нејзиното гордо момче.

Актерката на забава која била организирана во петокот, пред доделувањето на Оскарите, изјавила дека целата ситуација станала посериозна откако набавиле куче со кое се однесувале како да е нивно бебе. По крајот на бракот со Бред Пит во 2005 година Анистон била поврзувана со актерот Винс Вон и музичарот Џон Маер, но по се изгледа среќата ја пронашла со Џастин Теру.