Ема Робертс, внуката на Џулија Робертс, е виновникот што Џенифер Анистон го избрала ранчот од Џулија Робертс за својата венчавка.
“На ранчот ќе биде поставен голем шатор, а високите стебла ќе ги заштитат младенците и гостите од љубопитните луѓе и папараците“, открива пријател на Џенифер.
Во потрагата по идеална локација за својата венчавка, на актерката Џенифер Анистон и помогнала нејзината добра пријателка Ема Робертс, роднина на Џулија Робертс.
Ема и открила дека нејзината тетка Џулија има прекрасен имот во Мексико, а кога и ги покажала фотографиите од имотот, Џенифер сфатила дека тоа е совршено место за нејзината венчавка со Џастин.