Џенифер Анистон потврдила дека и покрај годините и понатаму важи за една од најзгодните актерки во Холивуд. Во трејлерот за новиот филм “We’re the Millers”, таа изведува стриптиз и врти со задникот во долна облека. Таа игра стриптизета која добила понуда од еден свој клинет да му помогне да пренесе марихуана преку граница, во замена за голема сума пари.

За нештото да биде поуверливо, нејзиниот клиент, кој го игра Џејсон Судеикис, „вработува“ и две деца како би давале впечаток на среќно семејство. Анистон покрај тоа што изведува стриптиз, во некои од сцените носи руса перика. Во филмот исто така се појавуваат и Ема Робертс, Ед Хелмс и Ник Офермен, а премиерата е закажана за август.