Списанието „In Touch“, повикувајќи се на добро известени извори, пишува дека актерката Џенифер Анистон ја раскинала веридбата со колегата Џастин Теру. Насловната страна на ова списание ги шокирала сите, а Џастин на фотографиите се бакнува со друга девојка, што е и причина за раскинувањето на веридбата.

Како што навеле изворите, тие не биле фотографирани заедно уште од минатата година, а парот наводно се разделил поради работните обврски, но се шушка дека Теру ја изневерил актерката. На насловната на списанието била објавена фотографија на Теру кој бакнува друга девојка, а над неа стоел насловот „Вереникот ја остави: Џастин се отселил, нема да има свадба!“.