Познатата холивудска актерка, Џенифер Анистон, ја понудила на продажба својата куќа која се наоѓа во Беверли Хилс, по цена од 42 милиони долари. Како што изјавила за списанието „Пипл“, иако куќата ја реновирала цели две години, моментално чувствувала потреба да ја продаде.
Џенифер куќата ја купила 2006 година за 13,5 милиони долари, по што ја реновирала до февруари 2009 година кога и се вселила во неа. Куќата била изградена во седумдесеттите години и се наоѓала на ридот, поради што имала прекрасен поглед на Лос Анџелес. Актерката во градот на ангелите има уште една помала куќа.