Убавата 44-годишна актерка Џенифер Анистон открила дека не сака кога некој и вели дека изгледа убаво за своите години. Таа рекла дека годините секогаш се споменуваат кога станува збор за жените. Од некоја причина за мажите не важело истото.
Актерката објаснила зошто денес мажите и жените се во подобра кондиција околку што биле претходните генерации. Според неа, денес луѓето се поинформирани и знаат како да се грижат за себе. Таа е позната по грижата која ја води за своето тело. Изјавила дека сите знаат како денес најздраво „гориво“ е органската и непроцесуирана храна. Знаеме се за важноста на внесувањето вода во нашето тело и колку е важно од исхраната да се исфрлат незаситените масти. Заклучила дека претходно луѓето едноставно не знаеле за овие работи бидејќи ја немале технологијата која ја имаме денес.