Американската актерка Џенифер Анистон и нејзиниот вереник Џастин Теру наводно ја одложила свадбата. Медиумите шпекулирале дека парот кој се забавува од 2011 и кој се верил минатото лето, ќе се венча во март, но добро известен извор за медиумите рекол дека датумот на свадбата е одложен за крајот на летото.

Причината за одлагањето на свадбата е тоа што филмската ѕвезда сака поголема, а Теру помала церемонија. Изворот рекол дека тие и понатаму сакаат да се венчаат, но имаат различни идеи за церемонијата. Додал дека свадбата се очекува да биде помеѓу 31 август и 2 септември.