Познатите личности многу добро знаат дека неколку години по купувањето на недвижностите можат и да заработат со нивната продажба. Сепак, тоа не било случај со актерката Џенифер Анистон, која станот во Њујорк кој го платила 7 милиони долари, го продала за 6,5 милиони. Таа го продала својот стан во Њујорк, и наскоро ќе се пресели во новиот дом во Лос Анџелес кој моментално се реновира.
Кога го купила станот, Џенифер планирала да го купи и станот над нејзиниот, како би направила пентхаус, но на крајот се откажала од таа намера. Иако е родена во Лос Анџелес, Џенифер одраснала во Њујорк. Таа гостувајќи во една радио емисија рекла дека се обиделе во Њујорк, но не можеле да излезат на крај со папараците.