Џенифер Анистон има најпосакувано тело, според жените кои гласале во анкетата на магазинот “Yahoo/Fitnes”. Таа добила повеќе гласови од колешките Хали Бери, која се нашла на второто место и Бијонсе, која исто така била во врвот на листата. Меѓу првите пет биле уште и Ким Кардашиан и Блејк Лајвли.
Анистон исто така била на врвот од листата во која мажите гласале за тоа чие тело би сакале да имаат нивните партнерки. Во машката конкуренција победил Вил Смит пред Даниел Крег. Бред Пит победил во конкуренцијата на мажи постари од 40 години.