Џенифер Анистон и Мила Кунис биле прогласени за најсексипилни актерки на доделувањето на наградите на телевизијата „Спајк“. Анистон, која била прогласена за најсексипилна актерка на деценијата, на свеченоста се појавила во црн краток фустан, а при примањето на наградата се заблагодарила на својот долгогодишен инструктор по јога што и овозможил да стане сопственичка на оваа ласкава награда.
Мила Кунис, актерката со украинско потекло, е позната по улогата во филмот „Црн лебед“ била прогласена за „Светиот грал на сексипилот“, додека Рози Хантингтон, звездата на „Трансформери“ била прогласена за девојка за која сите сонуваат. Меѓу мажите награди добиле Џим Кери за најсмешен актер, Марк Валберг за маж на годината и многу други. На свеченоста присуствувале и Роберт де Ниро, Камерон Диаз, Харисон Форд, Шон Пен и други.