Џенифер Анистон и Џастин Теру почнале да живеат заедно. По се изгледа тие се на добар пат кога во прашање е љубовта. Парот неодамна почнал да живее заедно, покажувајќи дека еден кон друг имаат сериозни намери.
Извор близок на парот изјавил дека одлучиле заедно да изнајмат куќа, додека се во потрага за некоја која би ја купиле. Куќата која ја изнајмиле се наоѓа на Холивуд Хилс, над Лос Анџелес, а содржи базен, спа центар и голем двор.