Замислете само да ве следат десетици папараци и нивните блицеви, а вие само одите на кино или да уживате во зедничка вечера. Тоа е секојдневието на славниот пар Џенифер Анистон и Џастин Теру. Тие двајца снимаат филмови во Њујорк, Џенифер е на сетот на филмот ‘Squirrels to the Nuts’, и веќе со денови привлекува внимание со својата нова кратка и смеѓа фризура, додека нејзиниот вереник го снима филмот ‘The Leftovers’.


Слободното време го минуваат заедно, прво отишле во кино да го гледаат новиот филм на комичарот Адам Сендлер, а потоа отишле на вечера. Складниот пар и овој пат бил модно усогласен, а Џенифер носела и шик очила за сонце. Не е чудно што многумина ги прогласуваат за еден од најзгодните парови во Холивуд.