Извор близок на актерката Џенифер Анистон открил за списанието “People” дека таа и нејзиниот избраник Џастин Теру бараат куќа во која ќе започнат заеднички живот.


Џенифер неодамна ја продала својата куќа на Беверли Хилс за сума од 38 милиони долари, а до крајот на месецов ќе мора да се исели од неа. Парот во четвртокот се вратил од Англија, каде актерката го промовирала својот нов филм “Horrible Bosses”.