Иако не се поднесуваат, поточно се мрзат, сепак имаат многу заеднички работи, а меѓу нив постои непремостлива пречка. Меѓутоа, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли сакаат да објават мир меѓу себе и да се обидат да ги поправат работите со еден заеднички ручек, кој го планираат наскоро. Анџелина го презеде Бред од Анистон за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Тој се разведе од Анистон, но и тоа не беше крај на маките.
Бред и после разводот продолжил да комуницира со Џенифер и стално и плачел на рамото, а тоа на Анџелина ја доведувало до лудило. Сега на тоа му дошло крај, бидејќи двете популарни актерки одлучиле да одат на ручек и да ја смират прилично затегнатата состојба.