Американската актерка Џенифер Анистон, позната по својата улога во серијата “Пријатели“ со која постигна огромен успех, се појавила гола на насловната страна во најновиот број на часописот GQ.
Холивудската 40годишна актерка изјавила дека за сликањето за часописот е многу посреќна сега, отколку кога имала 20 или 30 години. “Се чувствувам многу подобро, и во телото и во главата“, изјавила Анистон.
Додава и дека и понатака разговара со својот поранешен сопруг Бред Пит кој ја остави поради Анџелина Џоли.
“Се слушаме во некои пригоди, кога нешто треба да си честитаме или прославиме“, рекла Анистон, една од десетте најдобро платени холивудски актерки.