Популарната американска актерка Џенифер Анистон во петокот ноќта, во Њујорк, со своите пријатели го прославила 42 роденден, а наместо некое момче, друштво и правел колегата Адам Сендлер. Џенифер ја започнала вечерата со своите блиски пријатели во рестораноит за брза храна “The Spotted Pig”, а набрзо им се приклучил и Адам.


Иако наполнила 42 години Џенифер и понатаму одлично изгледа, но неодамна признала дека доколку не е задоволна со некои делови од своето тело без размислување би направила пластична операција. Роденденската забава продолжила во дискотеката “Cabo San Lucas”, каде го прославила својот роденден и минатата година.