Џенифер Анистон станот кој неодамна го купила за речиси 6 милиони долари, го препишала на своето куче. Како купувач на станот Џенифер го навела своето куче, териерот Норман, за кој е многу поврзана. Своето милениче го водела и на снимањата, каде кучето морало да има посебен третман.


Инаку, станот се наоѓа на 18 кат на стара зграда на Менхетн и се простира на 112 квадратни метри. Има само една соба за спиење и еден тоалет, колема кујна, трпезарија, дневна соба и дрвен под, а она што е најатрактивно е терасата од 75 метри квадратни од која има одличен поглед на Епајер Стејт Билдинг.