Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно одлучила да го следи модниот тренд на кој нејзините колеги не можат да му одолеат, а тоа е тетовирањето. Таа одлучила да го истетовира името на своето неодмна починато куче. Тетоважата ја ставила на внатрешната страна од десното стапало.
Тоа било тетоважа со името Норман. Анистон подоцна гостувајќи во една емисија открила дека тоа е нејзиниот омилен збор. Нејзиниот миленик кој ја следел насекаде по светот, умрел во мај оваа година. Колку и значело кучето сведочи и тетоважата која ја направила.