Атрактивната актерка Џенифер Анистон за списанието „Лук“ изјавила дека е спремна да биде самохрана мајка доколку еден ден дојде до тоа. Актерката која има 42 години и моментално е во врска со Џастин Терон е одлучна во намерата да има семејство, и не и е важно дали детето ќе го одгледува сама или ќе има партнер. Таа рекла дека би сакала да има дете еден ден, и дека се отворени опциите да биде самохрана мајка, но и да посвои дете.
Прекрасната актерка која била во брак со Бред Пит и во врски со Винс Вон и Џон Маер, признала дека повеќе сака да седи дома со пријателите отколку да излегува. Рекла дека никогаш нема да ја видиме на Твитер и слични социјални мрежи, бидејќи тоа не било за неа. Таа била традицијата, за телефонски повици и писма, иако купувала преку интернет и сакала аукции.