Иако многумина зборуваат дека актерката е несреќна во љубовта, таа сепак е предмет на желби на многу мажи во целиот свет. Во анкетата на списанието „Ванити Фер“ и американската емисија „60 минути“, Џенифер Анистон е прогласена за најпосакувана слободна жена на светот.
Добила дури 29 проценти од гласовите, додека на второто место се наоѓа Хали Бери со 21 процент. Веднаш после двете актерки се нашла поранешната сопруга на Тајгер Вудс, Елин Нордерген. На четвртото место изненадувачки се нашла Бети Вајт, која има 88 години, а се најде пред многу помлади и убави жени.