Холивудкста актерка Џенифер Анистон, која помалку од една година е во врска со колегата Џастин Теру, наводно била бремена и чекала близнаци, пренел американскиот таблоид „Стар“. Близок пријател на актерката за таблоидот објаснил дека Џенифер мислела дека носи близнаци. Додал дека актерката уште од самиот почеток на врската знаела дека Теру е вистинскиот човек за неа.

Овие извештаи ги потврдила и нејзината соседка која рекла дека и го забележала зголемениот стомак. Веста за бременоста на актерката и близнаците уште летото се појавила во американските медиуми, но Џенифер Анистон ги демантирала гласините. Засега никој од парот не се огласил со коментар.