Познатата актерка Џенифер Анистон конечно успеала да остане во блажена состојба, но на нејзините неволји не им дошол крајот. Откако ја раскинала веридбата со актерот Џастин Теру, за Денот на благодарноста нејзиниот протпарол ги демантирал гласините дека тие се разделиле.

Списанието ОК на насловната страна, на која се наоѓа актерката, објавило и наслов „Сама ќе го одгледувам ова дете“. Извор близок на парот открил дека Џенифер и Џастин ја прекинале врската и ја откажале венчавката, и дека биле разделени за Денот на благодарноста. Тој Бил во Вирџинија со својата мајка а таа со пријателите. Истиот извор додал дека Џенифер всушност го исфрлила актерот од својот дом.