Џенифер Анистон и нејзиниот вереник Џастин Теру наводно ќе станат родители. Актерката, како што пренесуваат американските медиуми, е во третиот месец од бременоста. Извор близок до парот вели дека на почетокот била шокирана, но набрзо тоа се претворило во голема среќа. Анистон во јануари почнала да покажува знаци на бременост, а Џастин и рекол да купи тест за утврдување. Потоа следела опклада од 50 долари. Актерката по се изгледа ја изгубила опкладата, бидејќи двата различни тестови за бременост биле позитивни.

 

Меѓутоа, Џенифер ги демантирала гласините кои ја разбесниле. Изјавила дека весниците сакаат што поголем тираж, но таа старее. Ја убивало кога нејзините пријатели и испраќале нејзини фотографии од списанијата. Во едно од нив пишува “очајна и сама“, а во друго нешто сосем различно. Спред неа би требало да се консултираат, бидејќи вака делувале без врска. Заклучила дека ќе има 50 години а тие и понатаму ќе пишуваат дека е бремена.