Американската актерка Џенифер Анистон ги демантирала гласините дека нејзината венчавка со Џастин Теру е откажана. Таа рекла дека се уште не го одредиле датумот и дека нема откажување на венчавката.
Некогашната ѕвезда на серијата „Пријатели“ рекла дека тоа ќе го сторат кога ќе сакаат и дека нема да брзаат. Парот се верил во август минатата година.