Актерката Џени Мекарти и на 40 години позирала за списанието Плејбој. Водителката на реалната шоу програма “Love in teh Wild” по седми пат се соблекла за списанието на Хју Хефнер.

Таа изјавила дека е многу горда и дека фотографиите биле преубави и имале стил. Сакала да позира за Плејбој, бидејќи не се инсистирало на анорексичен изглед. Додала дека воопшто не морала да биде на диета, туку само малку користела солариум.