Пејачката Џенет Џексон соопштила дека во тајност се омажила за катарскиот бизнисмен Висам Ал Мана уште минатата година и така ги прекинала шпекулациите на медиумите дека спрема свадба. Џексон, која е помлада сестра на починатиот крал на попот Мајкл Џексон се верила за милијаредерот минатата година, но тоа вешто го прикрила.

Во соопштението било наведено дека гласините за организирање гламурозна свадба воопшто не се точни. Минатата година се венчале на преубава приватна церемонија. Со подариле парични прилози кои ќе ги донираат во детски хуманитарни организации. Американската поп ѕвезда е позната по тоа што својот приватен живот го крие од очите на јавноста. Ова е нејзин трет брак.