Пејачката и сестра на починатиот крал на попот Мајлк Џексон, Џенет Џексон и нејзиниот богат вереник Висам ал Ман планираат да организираат голема свадба во Доха во 2013 година која ќе ги чини повеќе од 19 милиони долари.
Речиси три милиони долари ќе потрошат како би го платиле патот на 500 гости кои на свадбата треба да пристигнат од разни краеви на светот. Ал Ман сака да секој од гостите да им подари по еден часовник Ролекс вреден 9000 долари. Тој е десет години помлад од Џексон, а во врска се веќе две години.