Пејачката Џенет Џексон, која има 50 години, ќе стане мајка до крајот на годинава. Татко на детето е Висам ал Мана, со кој славната американка е во брак од 2012 година. Поради плановите за проширување на семејството, како што неведе тогаш, Џенет на почетокот на април ја прекина својата светска турнеја „Unbreakable“.
Светските медиуми известуваа за настојувањето на пејачката да остане во блажена состојба и за зачестените посети на специјалисти за плдоност. Џенет Џексон се омажи за катарскиот тајкун Висам ал Мана во 2012 година на приватна церемонија, но убавата вест ја објавија дури после година дена. На славнат пејачка ова и е трет брак.