Некогашниот американски автомобилски гигант „Џенерал моторс“ планира во понеделник да побара судска заштита од доверителите и на тој начин да избегне ликвидација, објави агенцијата Блумберг, потенцирајќи дека тоа ќе биде најголем банкрот во историјата на САД во нефинансискиот сектор.
И додека американаската автомобилска гордост ги прежувава најтешките моменти, една од нејзините фирми ќерки, германската компанија „Опел“ веројатно ќе ја избегне судбината на „Џенерал Моторс“.
Имено, рано изутрина „Џенерал Моторс“, канадско-австриската компанија за прозвидство на автомобилски делови „Магна“ и германската Влада постигнаа договор за спас од банкрот на германската автомобилска индустрија „Опел“.
Германската Федерална влада и неколку покраински влади се согласиле да вложат 1,5 милијарди евра од своите буџети за спас на „Опел“ од банкрот, а остатокот на сумата за купување на „Опел“ од досегашниот сопственик ќе ги обебзеди „Магна“, зад која застанале банката „Сбербанк“ и руската автомобилска компанија „ГАЗ“.