Џена Џејмесон, најпознатата поранешна ѕвезда во светот на порно индустријата се нашла во сред голем скандал. Имено, таа за време на викендот била уапсена во Лос Анџелес поради физички напад на друго лице и тоа за време на нејзината прослава на роденденот, а луѓето кои се нашле во близина извршиле граѓанско апсење додека не пристигнала полицијата и не ја уапсила.

Џена Џејмесон нападнала своја пријателка бидејќи се сомневала дека крадела од неа. Таа на својот Твитер напишала дека била ограбена од пријателка, која провалила во нејзиниот стан, а потоа уште и ја обвинила бидејќи ја исплескала. Дотичната личност всушност е нејзината лична асистентка Бритни Маркам, која тврди дека ништо не и украла.